Посни полнети пиперки – „прсти да изедеш!“: Рецепт кој сите ќе ви го бараат

Одличен рецепт за посни полнети пиперки. Доколку пробате, секогаш ќе ги правите!

img

Потребно е:

12-15 пиперки, може и суви

200 гр варен ориз

150 гр праз

150 гр моркови

150 гр рендан компир

Зачин, бибер

2-3 лажици ајвар

200 мл варен домат

2 домати исечени на кругови

100 мл масло

4 чешниња лук

Подготовка:

Празот исечете го на тенки кругчиња, па пропржете на масло, додадете рендани моркови, рендан компир и сецкан лук, па се заедно продинстајте.

Додадете варен ориз, ајвар, зачин, бибер. Се добро изедначете и потоа полнете ги пиперките.

Секоја понета пиперка „затворете“ ја со парче домат. Налијте малку масло и варен домат. Печете на 180 степени одоли 30-40 минути. 

Повеќе рецепти, кулинарски трикови, совети за здрава храна и здрав начин на живот, диети и животни искуства, можете да најдете на НАЈАДИСЕ.МК како и на фан страната на Фејсбук, а може да станете и член од групата на Најадисе на Фејсбук каде може да споделите ваш омилен рецепт.

Се вчитува прикажувачот на видео...

Објавено четврток, 01 декември 2016 07:45:00
Напишано од Maja



Здравје:Најчитани

Последни вести