Освежете се со ПРЕВКУСЕН ТАРАТУР!

Таратурот е македонско јадење, освежувачка салата или ладна супа. Идеална за летните денови!

img

Состојки:

2 свежи краставици

500г кисело млеко или јогурт

2-3 чешниња лук

Копае, сол, бибер

Маслиново масло

Подготовка:

Во дрвен сад истолчете го лукот со толчник. Додадете малку маслиново масло и посолете. Излупете ги краставиците, па исецкајте ги на ситни коцки, па ставете ги во сад и додадете го киселото млеко/јогуртот и лукот. Таратурот е готов, а по желба ставете копар, магдонос или малку сецкани ореви.

Објавено четврток, 30 јуни 2016 04:00:00
Напишано од Maja



Здравје:Најчитани

Барај

Последни вести