Највкусната БАНИЦА со сирење со ПРЕЛИВ од јогурт

Ова е една многу вкусна баница со сирење која има посебен шмек и сочност поради преливот од јогурт.

img

Состојки:

500 гр готови кори за пита

6 јајца

400 гр сирење

½ л течен јогурт

150 мл маслиново масло

малку сол

Припрема:

Една кружна тефлонска тепсија премачкајте ја со масло. Во подлабок сад ставете ги јајцата, истолченото сирење, половина количина од јогуртот, другата третина масло и сол по потреба и промешајте во убава смеса. Земете по една кора и намачкајте ја со филот, завиткајте во ролна, па во полжав и наместете ја на средина на тепсијата. Постапката повторувајте ја додека смесата не се потроши, редејќи ги корите во круг, составувајќи ги една со друга.

За преливот одвојте половина шолја од филот и додадете ја другата половина од јогуртот и третата третина масло и со тоа прелијте ја баницата. Оставете ја добро да го упие јогуртот а за тоа време загрејте ја рерната на 200 С и ставете ја баницата да се пече.

Кога малку ќе поримени извадете ја од рерна, попрскајте со малку вода, покријте со крпа и оставете малку да се излади.

Повеќе рецепти, кулинарски трикови, совети за здрава храна, здрав начин на живот, диети, напитоци и сл. може да најдете на НАЈАДИСЕ.МК и фан страната на Фејсбук.

Објавено петок, 24 јуни 2016 01:35:00
Напишано од Елена



Здравје:Најчитани

Барај

Последни вести