ДОМАШЕН ПИНЏУР - Едноставен рецепт, а толку вкусен...Запишете го задолжително!

Едноставен а вкусен рецепт.

img

Состојки:

4 кг пиперки за ајвар

2 кг излупени домати

½ главица лук

1 поголемо снопче магдонос

2 рамни лажици сол

4 лажици шеќер

250 мл масло

500 мл оцет

2 феферони

Подготовка:

Пиперките испечете ги, излупете ги и исечкајте на ситни парчиња но не ги мелете. Излупениот домат исечкајте го и ставете го на загреано масло па додадете му го ситно сецканиот лук и нека се пржи се додека доматот не се раскашави, додадете ги сецканите пиперки, сецканиот магдонос, оцет, сол, шеќер, сецканите феферони и пржете околу 1 час да добие убава густина.

Наполнете во тегли кои добро херметички треба да ги затворите. Ова е мерка за една доза и се добива околу 11 мали теглички од 300 гр, по желба зголемете ја количината на состојките.

Повеќе рецепти, кулинарски трикови, совети за здрава храна и здрав начин на живот, лековити напитоци, диети, животни искуства и слично, може да најдете на НАЈАДИСЕ.МК како и на фан страната на Фејсбук

Објавено петок, 26 август 2016 10:38:00
Напишано од Елена



Најади се:Најчитани

Барај

Последни вести