Вкусна грчка мусака од говедско месо

Грчка муска може да се прави само со модар домат- а може да се додаде и компир

img

Состојки:

-2 главици кромид

-2 чешниња лук

- ½ кг говедско месо

-850 мл домат

-2 лежици сецкан магдонос

-1 лажица оригано

- сол и бибер

-800гр компир

-600гр модар домат

-200гр фета сирење

-40гр путер

-40гр брашно

- ½ л млеко

Подготовка:

Издистајте ги 2главици кромид и 2 чешниња лук, додајте половина килограм мелено говедско месо, 850мл домат, 2 лажици сецкан магдонос, лажица оригано, сол и бибер. Сето тоа динстајте го околу 20 минути.

800гр компири исецкајте го на кругови и 600 гр модар домат.

Во огноотпорен сад ставете го прво компирот, меленото месо и преку тоа прелијте  околу 200 гр фета сирење, рамномерно распоредете го модриот домат, меленото месо   и на крајот компирот. Загрејте 40 гр путер,   брашно, ½ млеко и зовријте. Полијте го врз мусаката и печете околу 45 минути на 180 °C.

Објавено четврток, 29 декември 2016 01:14:00
Напишано од виолета



Најади се:Најчитани

Барај

Последни вести