Салата од тиква

img

Денес ќе ви претставиме една пролетна и свежа салата со тиква. Се подготвува за само неколку минути, а се што ви е потребно е:

Половина тиква

Пет чешниња лук

Една главица кромид

Зелена салата или рукола

Оцет

Маслинво масло

Сол

Начин на приготвување:

Исечете ја тиквата на парчиња големи 4-5 сантиметри и ставете го да се сварат. Откако тиквата ќе омекне, извадете ја од течноста и отстранете ја кората. Парчињата тиква поставете ги во плитка чинија врз зелената салата или руколата.

Лукот ситно исечкајте го, а кромидот на резанки и пропржете ги на ниска температура на маслиново масло. Откако ќе се олади, додадете оцет на оваа смеса и ставете ја врз парчињата тиква. Декорирајте со ливчиња магдонос.

Уживајте!

Објавено вторник, 04 јуни 2013 09:00:00
Напишано од Биле



Пијалоци:Најчитани

Последни вести