Рецептот за тирамису на Софија Лорен

Тирамису е италијански десерт, а во книгата „Рецепти и Мемоари“, славната актерка Софија Лорен дала и рецепт за овој десерт.

img

СОСТОЈКИ:

  • 180 гр маскарпоне сирење
  • 80 гр црно чоколадо
  • 3 јајца
  • 5 лажици шеќер
  • 40 пишкоти
  • 250 мл инстант кафе
  • 250 мл ликер од портокал
  • 60 гр какао

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

  1. Разматете жолчки со шеќер, а во посебен сад измиксајте белки додека не добиете цврста смеса.
  2. Во смесата од жолчки додајте маскарпоне сирење, а потоа додајте снег од белки и добро измешајте. 20 пишкоти наредете ги и навлажнете ги со ликер и кафе.
  3. Преку ставете ја смесата со маскарпоне сирење и нарендајте чоколадо. Постапката повторете ја додека не го потрошите материјалот и на крај додајте какао.

Објавено вторник, 10 октомври 2017 06:31:00
Напишано од Виолета



Здравје:Најчитани

Последни вести