Превкусна чоколадна торта со ликер од портокал!

Ќе барате  парче повеќе!

img

Состојки  за 8  лица:

250гр чоколадо  за готвење- за колачот

100гр чоколадо за  готвење- за глазура

200гр  шеќер во прав

250гр (+ 50гр) путер

200гр брашно

4 јајца (одвоени белки од жолчки)

50 мл ликер од портокал

4 рендани кори од портокал

Подготовка:

Загрејте  ја рерната на 200 степени. Стопете го чоколадото на пареа, заедно со  шеќерот во  прав и путер. Тргнете од оган за додадете го брашното, жолчките, ренданата кора од 4 портокали  и ликерот од портокал. Изматете ги  белките во  цврст снег  и  внимателно  измешајте  ги  со  чоколадната смеса. Намачкајте го калапот за торта со путерот и  брашното  и  додадете ја смесата. Печете околу 13- 15 минути, а потоа  добро оладете.

Пред сервирање премачкајте  со  стопено чоколадо во кое сте  додале  50 гр путер.

Повеќе рецепти, кулинарски трикови, совети за здрава храна и здрав начин на живот, диети и животни искуства, можете да најдете на НАЈАДИСЕ.МК како и на фан страната на Фејсбук, а може да станете и член од групата на Најадисе на Фејсбук каде може да споделите ваш омилен рецепт.

Објавено сабота, 22 април 2017 01:16:00
Напишано од Виолета



Здравје:Најчитани

Последни вести