По традиционален англиски рецепт: Подгответе вкусна овчарска пита

Сте ја пробале ли популарната овчарска пита? Оваа пита која е обожавана во светски рамки претставува традиционално англиско јадење кое се припрема од месо и пире од компири

img

Состојки:

2 лажици маслиново масло

900 грама мелено телешко месо

сол и црн пипер

2-3 средни главици рендан кромид

2 рендани моркови

2 чешниња рендан лук

5 лажици ворчестер сос

4 лажици доматно пире

1 чаша црвено вино

свежа мајчина душица

 свеж сечкан рузмарин

1 чаша пилешки бујон

1 кг варени компири

2 жолчки

6 лажици рендан пармезан.

Подготовка:  

 Во голема нелеплива тава на оган, на висока температура ставете го маслото да се загрее. Во загреаното масло додајте го меленото месо, посолете и зачинете го со мелен црн пипер. Месото пропржете го додека добие убава кафеава боја.  

 Во тава додајте го ренданиот кромид и измешајте. Потоа, додајте ги ренданите моркови и продолжете со пржењето. Во тавата додајте го ренданиот лук, измешајте и кратко пропржете ги состојките.

Повеќе рецепти, кулинарски трикови, совети за здрава храна и здрав начин на живот, диети и животни искуства, можете да најдете на НАЈАДИСЕ.МК како и на фан страната на Фејсбук, а може да станете и член од групата на Најадисе на Фејсбук каде може да споделите ваш омилен рецепт.

Објавено понеделник, 08 мај 2017 10:40:00
Напишано од Виолета



Здравје:Најчитани

Последни вести