Печен компир со сланина

Кога ќе ви здосади обичниот пекарски компир вие направете го овој специјалитет

 

img

– 9 компири
– 2 црвени лука
– 5 лажички кисела павлака (12% масленост)
– 150 g gaude
– 5 парчиња панцерота  (или друг вид на сланина)
– сол, бибер

Измијте го компирот и варете го со лупка20-30 минути (во зависнот од големината на компирот). Во секој случај не смее да се преврива затоа што тогаш течко ќе се лупи и ќе се распадне. Потоа олупете го компирот , исечете го на половинки и издлабнете ја средината со лажичка оставајќи раб од пола сантиметар.

На масло испржете сецкан лук . Во сад измешајте издлабнатиот дел од компирот , пржениот лук , киселата павлака и 100г рендано сирење. ставете сол и бибер.

Напунете ги компирите со смесата , ставете ги на хартија за печење во поголем сад, посипете ги со сол и парчиња панцета. Печете во рерна на 200 степени околу 20-30 минути додека компирот не добие убава жолта боја.

Објавено понеделник, 02 јануари 2017 05:45:00
Напишано од виолета



Здравје:Најчитани

Барај

Последни вести