Парфе коцки : колач на кој никој не може да му одолее

Брз и едноставен рецепт кои се топи во устата , откако ќе се излади потсетува на слодолед.

img

Сосотојки:

Кора

  • 4 белки
  • 6 лажици шеќер (кристал)
  • 6 лажици ладна вода
  • 2 лажици масло
  • 125 г остро брашно
  • ½ прашок за пециво
  • Малку какао

Парфе крем :

  • 4 жолчки
  • 180г шеќер
  • 250мл ладна вода
  • 20г желатин
  • 4 кеси шлаг пена
  • 100 г чоколадо за готвење

Припрема:

Белките изматете ги и мрснете сол . Додадете два пати шеќер па добро избркајте. Додате ги останатите состојки полека матејќи. Смесата ставете ја во сад 20x30 а претходно во него ставетее хартија за печење . Печете на темература од 180 степени додека кората не се зарумени.

Парфе крем :

Изматете ги жолчите и додадете шеќер . Желатинот  измешајте го со вода и  ставете го на тивок оган кога ќе се растопи додадете ги жолчките  и постојано мешајте додека не се соедини смесата. Шлаг пената добро изматете ја по инструкциии од кесата . Потоа додавајте ја во претходно направената смеса.

Завршна постапка:

Тргнете ја хартијата од кората и вратете ја кората во садот . Потоа намачкајте ја кората со половина од крем и ставете на ладно за да се стегне . Растопете 100г чоколадо и додадете го во остаткот од крем . Потоа  намачкајте го и него врз белиот крем и ставете да се лади . Можете да декорирате по желба со шлаг , чоколадо и слично.

 

Објавено среда, 11 јануари 2017 03:09:00
Напишано од виолета



Здравје:Најчитани

Барај

Последни вести