Лесни за подготовка и превкусни: Пиперки полнети со кремсирење

Денес сигурно сте подготвиле добар и вкусен ручек, но за утре ви предложуваме да направите нешто ново и повкусно. Па, што би рекле за пиперки полнети со кремсирење?

img

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

6 лути пиперки

60 гр. кремсирење

120 гр. ситно исецкан колбас по желба

6 парчиња сланина

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Загрејте ја рерната на 220 степени.

Пресечете ги пиперките на половина по должина и исчистете ги од семето. Пресечете ја сланината на половинки. Рамномерно распределете го кремсирењето и намачкајте ја внатрешноста на пиперките. Додадете малку сецкан колбас. Потоа замотајте ја пиперката со парче сланина и зацврстете го со чепкалка.

Наредете ги подготвените пиперки на плех, обложен со хартија за печење. Печете ги 30 минути додека да се испечат сланината и колбасот.

Послужете ги топли.

Објавено четврток, 16 ноември 2017 05:15:00
Напишано од Вероника



Здравје:Најчитани

Последни вести