Хит:Мајонез од авокадо

Мајонезот можеби ви е омилен намаз, но дали вреди да внесувате по 100 калории од само една лажица? Ако сте подготвени да го замените мајонезот со нешто поздраво, имаме решение за вас.

img

Станува збор за поздрава верзија која има сличен вкус на мајонезот.

Зад генијалниот рецепт стои Лорен Галучи од интернет страната „Sweet Laurel“, а сè што ви треба за рецептот се неколку состојки и блендер.

Еве како да го направите:

Потребни состојки:

3 авокада

2/3 шолја маслиново масло

1 лажица сок од лимон

1 лажичка сол

1 чешне лук

1 лажичка куркума

1 лажица кокосово млеко или кокосово масло

Сите состојки се блендираат додека не добиете компактна смеса која можете да ја јадете и до недела дена, ако ја чувате во фрижидер.

Објавено четврток, 15 јуни 2017 12:55:00
Напишано од Виолета



Здравје:Најчитани

Последни вести