ПОИНАКВО ЗАДОВОЛСТВО: Шпанска салата со печен компир!

Интересен, поинаков и едноставен рецепт како да сервирате печен компир. Верувајте ќе се заљубите во него!

img

Интересен, поинаков и едноставен рецепт како да сервирате печен компир. Верувајте ќе се заљубите во него!

Состојки:

½ кг. ситен компир

3 лажици маслиново масло

1 ¼ лажица сол

½ лажица црн бибер

4 чешниња ситно исецкан лук

4 лажици мајонез

1 лажица лимонов сок

1 лажица сенф

Подготовка:

Загрејте ја рерната на 200 степени. Компирот исечете го на половинки или четвртинки. Додајте две лажици маслиново масло, ¾ лажица сол и бибер. Промешајте и ставете го компирот во тепсија обложена со хартија за печење. Печете го компирот 40 минити, превртувајте во текот на печењето додека компирот не собие златно-кафена боја. Извадете го од рерната и оставете малку да се олади. Во една чинија ставете ½ лажица сол, 1 лажица маслиново масло, ситно исечкан лик, лимонов сок и сенф. Смесата прелијте ја преку компирот.

Уживајте!

Објавено понеделник, 04 јануари 2016 02:55:00
Напишано од Елена



Здравје:Најчитани