Пататас бравас

img

Пататас бравас е Шпански рецепт за зачинети и лути пржени компири. Тие се одлично предјадење или мезе за кое ќе ви биде потребно 1 час од подготовка до сервирање.

Состојки:

1500 милилитри Топла Вода

3 чешниња лук

2 ливче/чиња ловоров лист

3 лажици мајонез

2 кг. компир

3 мали лажички ким во прав

2 мали лажички чили во прав

Маслиново масло

Црн бибер 

3 лажици сол

Црвен пипер

Подготовка:

Во сад со вода на јака температура ставете да зовријат водата со сол, црвен пипер, мелен ким и лорворов лист. Оставете ги да провријат убаво 10тина минути за сите состојки да пуштат арома и вкус. Во меѓувреме излупете ги компирите и исецкајте ги на коцки. Ставете ги во водата која што врие и почекајте некој 3, 4 минути да се врати водата во фаза на вриење и варете ги компирите но не докрај. Тоа значи да не бидат комплетно сварени како кога би правеле пире. Извадете ги компирите и оставете ги целосно да се оладат и да бидат суви. Додека се сушат компирите може да го направите сосот кој се служи во прилог со компирите. Во аван ставете 3 чешниња лук, малку сол, црвен пипер и чили. Сето тоа истолчете го убаво и додадете 3-4 лажици мајонез и промешајте ја целата смеса. Додадете малку оцет или сок од лимон и малку доматно пире или кечап. Убаво промешајте го и по желба додадете од зачините. Пред да ги пржите компирите во мал сад ставете две лажици сол,  малку мелен црн бибер, црвен пипер и малку чили во прав. Сето тоа убаво промешајте го. Ова ќе служи за да се зачинуваат испржените компири. 
Загрејте масло за пржење компир на јака температура. Откако маслото ќе е доволно загреано ставете ги компирите и пржете 6-7 минути или додека не се златно кафени и екстремно крцкави.  Зачинете ги со миксот и озгора прелијте ги со намазот од лук.

Уживајте!

Објавено недела, 09 јуни 2013 01:20:00
Напишано од Биле



Здравје:Најчитани

Барај