МОРА ДА ПРОБАТЕ: Италијански полнет кроасан!

Неверојатно добар италијански рецепт кој сигурно не сте го пробале до сега. 

img

Неверојатно добар италијански рецепт кој сигурно не сте го пробале до сега. 

Состојки:

Готово лиснато тесто

15 парчиња тенко сечкан кулен

8 парчиња тенко сечкана салама по избор

Лути или обични пиперки исечкани на прстени

15 парчиња тенко сечкан кашкавал

Подготовка:

Додека го правите кроасанот, рерната загрејте ја на највисока температура. Лиснатото тесто исечете го на 8 парчиња и наредете го на овална тава. Сите парчиња мора да се поклопуваат како на сликата. Потоа започнете да редите - прво куленот, па саламата, па пиперките и на крајот кашкавалот. Крајчињата лиснато тесто замотајте ги околу полнењето додека не се спојат со внатрешниот крај. Обликувајте венец од тесто, а потоа печете го 20тина минути на највисока температура. Готовиот кроасан има златеста површина. 

Послужете со кечап, мајонез, кари или тартар сос.

Прсти да излижеш!

Објавено понеделник, 04 јануари 2016 02:30:00
Напишано од Елена



Најади се:Најчитани