Израелски кускус со кашкавал

img

Потребни состојки:

2   Пиперки

200 милилитри пилешка супа

1 парче/чиња младо кромитче

300 грама кускус

200 грама гауда Кашкавал

100 грама хопла (без шеќер)

Црвен пипер

Црн бибер

Сол

Начин на подготовка:

Исецкајте ги пиперките на мали коцкички. Исецкајте го и младиот кромид на ситни кругчиња. Во тава за пржење ставете малку путер и ставете го кускусот да се пропржи пред да ја додадете течноста или пилешката супа. Зголемете ја температурата да проврие и кога ќе дојде до вриење малку намалете ја температурата и оставете да се вари некои 6-7 минути. Мешајте повремено со цел да не загори кускусот и пред крајот може да го засилите оганот и да ги додадете сецканите црвени пиперки и солената хопла. Промешајте убаво. Ставете малку црвен пипер и оставете да се готви со повремено промешување. Ставете го и кашкавалот и мешајте додека кашкавалот не се растопи. Додадете ги и ситно сецканите перца од младиот кромид и по потреба зачинете со сол. 

Објавено четврток, 13 јуни 2013 11:05:00
Напишано од Биле



Здравје:Најчитани

Барај