Crema Catalana

img

Направете го сами овој традиционален каталонски крем кој претставува верзија на познатиот француски десерт  “crème brulée“.

Состојки:  

2 јајца

6  жолчки

1 л млеко

100 гр шеќер

100 гр шеќер во прав

1 ванила

кора од 1 портокал

½ лажиче цимет

Начин на приготвување:

Изматете ги јајцата и жолчките со шеќер во прав на загреана рингла. Тргнете го тавчето од оган и додадете ја смесата во врела млеко, во кое ќе ја додадете ванилата, ренданата кора од портокали и циметот. Ставете ја добиената смеса  да се вари околу 30 минути. Откако ќе се олади, кремот ставете го  да стои во фрижидер 2 часа.

Пред сервирање посипете шеќер и ставете го десертот во загреана рерна  5 минути за да се карамелизира шеќерот. Оставете го кремот да се стегне и послужете.

 

Објавено среда, 12 јуни 2013 11:30:00
Напишано од Биле



Здравје:Најчитани

Барај