Брз рецепт: Како да го направите сами популарниот песто сос?

Подгответе го дома овој вкусен италијански сос, одличен за тестенини и салати и почувствувајте го вкусот на Италија дирекно од вашата кујна!

img

Песто е традиционален италијански сос кој потекнува од Џенова. Иако денес постојат бројни варијанти на овој вкусен сос, сепак, најпопуларен е оригиналниот песто сос со босилек — Pesto alla Genovese.

Сосот се подготвува брзо, едноставно и не бара многу време.

Потребни состојки:

3 чешниња лук, 100 гр пињони, 150 гр свеж босилек, 200 мл маслиново масло, сол и бел бибер, 50 гр пармезан

Начин на подготовка:

Исечете го лукот на мали парченца. Пињоните можете да ги пропржите на умерен оган (без масло), додека не добијат златно-костенлива боја и потоа оставете ги да се изладат. Босилекот исечкајте го покрупно.

Во сад ставете го лукот, ладните пињоли и босилекот, а маслиновото масло
додадете го на крајот. Смесата се меша со миксер, се додека не се добие кремаста маса која не смее да биде многу ситна.

На крај, изрендајте го пармезанот и додадете сол и бибер по желба.

Совет: Пестото ќе ја задржи својата зелена боја подолго време ако додадете лажица витамин Ц во прав. Се препорачува сосот да се чува во стаклен сад.

Песто сосот најдобро оди во комбинација со шпагети, но пробајте го и со зеленчук на скара, печен компир или како намаз во сендвичи.

Доживејте го вкусот на Италија во вашата кујна!

Објавено сабота, 07 септември 2013 04:45:00
Напишано од Биле



Пијалоци:Најчитани

Барај