Направете си домашни чапати

img

Овие традиционални лепчиња или познати како чапати се типчни за азискиот континент, особено во јужниот дел. Тие се составен дел од речиси секое индиско јадење и претежно служат за макање на сосови или чорби од традиционалната азиска кујна. Ви го претставуваме рецептот за како да ги подготвите овие лепчиња.

Потребни производи:

 320 гр. бело брашно

малку сол

малку шеќер

 (180 мл) вода

1 лажица по желба масло

Растопен путер за премачкување на готовите чапати (по желба)

Начин на подготовка

Замесете тесто од брашното, солта, шеќерот и водата. Додека го месите тестото постепено додавајте вода во брашното. Тестото се остава да нарасне 20 минути или повеќе. Потоа поделете го на 6-8 делови кои се обликуваат во топки. Потоа исукајте го со сикало за да станат како кора за пита (но не ремногу тенка.) Секое тесто печете го во тава и надгледувајте го на секое  2-3 минути (чапатите ќе се надуваат како, но по вадењето од рерната, тие ќе сплеснат). Жешките чапати намачкајте ги со масло или растопен путер по желба. Чапати се јадат додека се топли, така што се кршат на парчиња и се потопуваат во разни сосови и јадења, кои што имаат  улога на лажица.

Објавено петок, 14 јуни 2013 07:30:00
Напишано од Биле



Најади се:Најчитани