Јадења кои Австралија може да си ги нарече свои

Како една од најчудните земји кои човек може да ги посети, Австралија нуди неверојатни глетки, опасни и чудни животни и еднакво чудна национална кујна. 

img

Како една од најчудните земји кои човек може да ги посети, Австралија нуди неверојатни глетки, опасни и чудни животни и еднакво чудна национална кујна. 

Додека локалното население ужива во пржен ориз, тајландски кари и медитеранска кујна, јадења кои се дел од мултикултурна Австралија, традиционалната австралиска кујна може да изненади со тоа што го нуди. 

Најстаро и најпознато јадање кај австралиските Абориџини се Витчети ларвите со оревкаст вкус кои се дел од нивната трпеза илјадници години. Можеби е традиционално јадење но поголем дел од Австралијците имаат проблем заради тоа што тие најчесто се јадат живи,  а според некои Абориџини Витчети ларвите имаат вкус на помфрит кога се печени на жар. 

Исто така во Источна Австралија може да се најде и макадамиа, редок и скап орев кој може да се јаде или може да се користи како зачин во се од леб до печено телешко месо и колачи.

Птицата Ему која може да се најде само во Австарлија е исто така на традиционалното мени. Месото на ему птиците содржи двапати повеќе железо од телешко месо, нема голема количина на маснотии и е со ниско ниво на холестерол. Ова австралиско животно најчесто се сервира како пушено месо или како додаток за пица.  По модерен начин на спремање на овај деликатес е во пита со ему месо, фета сирење, кромид и тасманиски црн бибер.

Едно јадење со британски корени, кое има голема популарност во Австралија е супа од грашок и свинско месо, која е препорачана како перфектно зимско јадење.

Брзо и лесно за правење е каламари (лигња) панирана во обвивка од сол и бибер. Ова јадење може да се најде во австралиските пабови, а се служи како закуска со салата и сос од слатко чили.

Но како земја позната по раскошни плажи Австралија има одредени јадења кои се идеални за служење на такви места. Како земја во која можат да се најдат едни од најдобрите морски плодови, свежа риба е гарантирана на менито служена завиткана во весник со сол и лимонов сок, а да не се заборави и свежо направениот помфрит. Ова е уште едно јадење со британски корени и има еднаква популарност во двете кујни.

Иако крокодилот не е се наоѓа само во Австралија, благодарение на ликот Мик Данди или познат како Крокодајл Данди животното стана синоним со континентот. Иако кожата од крокодил се користи за производство на паричници и каиши, месото е конзумирано од Австралијанци но е повеќе изразено како специјалитет отколку како секојдневно јадење. 

Објавено четврток, 01 август 2013 01:14:00
Напишано од g0sh3



Пијалоци:Најчитани

Барај