Како да подготвите гвакамоле

img

Овој сос од авокадо- Гвакамоле, потекнува од Мексико и се верува дека за прв пат бил направен од  Ацтеките. Со враќањето на Шпанците од американскиот контитент овој рецепт станува популарен и во Шпанија, а набрзо се проширува и низ другите европски земји.

За да го приготвите овој добор познат рецепт потребни ви се следните намирници:

1 пиперка

3 чешниња лук

Пола главица кромид

2 кафени лажички сок од лимента

1 кафена лажичка кориандер

2 зрели домати

3 авокада

Сол, бибер

Излупете ги авокадата и во сад згмечете ги со вилушка. Потоа додатете го исецканиот кромид, пиперките, лукот, кориандерот, сокот од лимон и биберот и насолете. Сето тоа добро промешајте го . Покријте го садот со фолија за да ја спречите оксидацијата и ставете го во фрижидер. Кога ќе сакате да го сервирате гвакамолето, додадете ги ситно исецканите домати и уживајте!

Објавено петок, 07 јуни 2013 02:30:00
Напишано од Биле



Најади се:Најчитани

Барај